Италијанските медиуми не се штедеа во критиките кон Алегри по загубениот меч од Сасуоло.
Јувентус веќе загуби три натпревари оваа сезона, два од нив беа на домашен терен. Едниот против Емполи, а другиот против Сасуоло.
По десет одиграни кола, бјанконерите имаат 13 бода зад лидерот Милан. Имаат дадено само 14 гола, а примено 13.
„Тоа што функционираше во петте години кои претходно ги помина во Јувентус, сега не функционира. Јувентус не заслужи да загуби од Сасуоло, но не знаеше како да победи. Алегри не приметил дека фудбалот се променил“, стои во критиката на „Газета дело Спорт“.
Медиумите му замеруваат и на позиционирањето на некои играчи, како и дека не се гледа конкретен план во играта, туку повеќе се потпираат на индивидуалци.