Прoститутка ограбила фудбалер на ПСЖ

by
1 минути читање

Андер Ерера синоќа имал непријатно искуство на улиците во Париз, бил ограбен додека со својот автомобил стоел на црвено светло.

Проститутка (според некои извори травестит) влегла во автомобилот и го одзела паричникот и мобилниот телефон на фудбалерот на ПСЖ.

Андер Ерера седел мирен бидеји напаѓачот имал предмет во раката, Шпанецот се сомневал дека е некакво оружје па не сакал да ризикува ништо.

Има и информации дека напаѓачот потоа му наредил на Андер Ерера да го превезе до одредена локација, а за возврат ќе му го врати мобилниот телефон. 

Се говори дека проститутката си заминала со плен вреден околу 200 евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×