Тренерот на Интер Мајами, Фил Невил кој во Манчестер јунајтед играше заедно со Оле Гунар Солшер, му даде поддршка на својот пријател.
„Живееме во ера кога изгледа нормално луѓето да бараат некој да биде отпуштен, што мислам дека е неверојатно. Доколку се работеше за било кое друго работно место, пример ако влезете во продавница и речете „Сакам ти да бидеш отпуштен“, мислам дека ќе ве пријават во полиција“, вели Невил.
„Луѓето веројатно не сфаќаат дека работите кои ги пишуваат влијаат болно на фамилиите, повредуваат луѓе“.
Ваквата изјава на Фил Невил со која ја изедначува тренерската работа со работата во продавница наиде на потсмев на социјалните мрежи.
Станува збор за неспоредливи работи, тренерите работат за милионски договори и имаат милионски обесштетувања доколку добијат отказ, работниците во продавници во зависност од земјата во која работат вообичаено заработуваат потпросечни плати и не добиваат ништо доколку ги отпуштат.
Пример, доколку Оле Гунар Солшер добие отказ, Манчестер јунајтед ќе треба да му исплати 8 милиони фунти.
Фил Невил очигледно живее во свој свет, но обидот да го одбрани неговиот пријател Оле со тоа што ќе ги фати луѓето на емоции, не му помина најдобро.