Дебито на Рамос за ПСЖ повторно е одложено, не се знае кога ќе се врати на теренот

by
1 минути читање

Се предвидуваше дека Серхио Рамос од оваа недела ќе им се приклучи на соиграчите и ќе дебитира престојниот викенд, но ништо од таквите прогнози, ситуацијата на дефанзивецот не е добра.

„Информациите се дека Рамос не е добар. Опоравувањето не се одвива добро, но не е ни лошо. Бавно е. Не е најважно кога ќе се врати Рамос, најважно е кога ќе може да биде стартер и регуларно да игра натпревари. Тој можеби може и викендов да одигра некоја минута, но мислам дека не може пред 20 ноември да се врати во полна сила за да игра регуларно. Повредата на Рамос сега му создава и емоционални проблеми бидејќи тој секогаш важеше за човек кој си го контролира телото, но овојпат не е така. Се сомневам дека во скоро време ќе го видиме како стартер во ПСЖ“, изјави новинарот Антон Меана.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани