151
За дебаклот од Бодо/Глимт, Мурињо казни пет фудбалери, не ги повика за дуелот против Наполи, мечот го гледаа од трибините на Олимпико.
Еден од нив се враќа во составот, Мараш Кумбула ќе добие нова шанса, тој е во комбинација за утрешниот натпревар од Серија А против Каљари.
Казната останува за Борха Мајорал, Гонзалез Виљар, Амаду Диавара и Брајан Рејнолдс.
Мурињо рече дека не може лесно да го прости тој пораз, бидејќи засекогаш ќе остане како црна дамка во неговата кариера.