Барселона во среда гостува кај Рајо на нашиот Столе Димитриевски, мечот ќе биде мал јубилеј за најскапото засилувае во историјата на „каталонците, Филипе Кутињо.
Бразилецот треба да го одигра натпреврот број 100 во дресот на Барселона. Медиумите подолго време шпекулираат дека ваков развој на настаните ќе значи дополнителен финансиски товар за клубот од Камп Ноу.
Извештаите велат дека Барселона на Ливерпул треба да му плати 20 милиони евра кога Филипе Кутињо ќе одигра 100 натпревари. Минатата сезона, често се пишуваше дека Бразилецот намерно нема да добие шанса и ќе седи на клупа за да се избегне ваква исплата.
Откако изминатово лето не се најде купец, стана јасно дека Филипе Кутињо ќе стигне до бројката од 100 натпревари, но според Мундо Депортиво, тоа нема да значи дополнителен трошок.
Весникот вели дека извори од поранешното раководство, но и од новото раковдство им потврдиле дека нема ваква клаузула. Па настапот на Филипе Кутињо против Рајо нема да значи исплата од 20 милиони евра.
Бразилецот беше купен за 120 милиони евра плус додатни 40 милиони евра во бонуси, но никогаш не ја оправда вложената сума, ниту пак ги исполни очекувањата.