66
Се чинеше дека натпреварот против Ливерпул ќе биде последен на клупата на Манчестер јунајтед за Оле Гунар Солшер, но работите се менуваат.
Според Фабрицио Романо, бордот на Манчестер јунајтед имал состанок и повеќето членови одлучиле дека најдобро во моментов е Оле да добие уште една шанса.
Тоа го сакал и Сер Алекс Фергусон, па Солшер ќе го води Јунајтед и против Тотнем а во зависност од изданието на тимот ќе се одлучува што понатаму.
Паралелно раководството на клубот размислува за нов тренер на тимот, прва опција е Антонио Конте кој изразил желба да го наследи Оле.