Ванда: Потпишавме документи за развод, а потоа тој ми испрати порака како никој друг досега (ФОТО)

by
1 минути читање

Се чини дека
заврши сагата околу напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди и неговата сопруга која воедно
е негов агент, Ванда Нара, откако за фудбалерот се веруваше дека флертувал со
моделот Еухенија Чина Суарез.

Ванда на
социјалните мрежи извести дека со Икарди дури и ги потпишале документите за
развод, а тој се согласил на сите услови, меѓутоа потоа настанал пресврт.

Бев многу
повредена од тоа што се случи, секој ден барав развод од Мауро, а кога тој увиде
на фактот дека повеќе нема враќање назад, ми рече дека дека повеќе не можеме
така да продолжиме, а доколку разделбата е единствениот начин за крај на таа
болка, тогаш истата треба да се случи
“ напиша Ванда.

Отидовме кај
адвокат, а во два дена Мауро ги прифати сите услови, потпишавме и договор, а
наредниот ден ми испрати порака како никој друг досега, ми пиша
: Ти дадов се’, а ти имаш се’, се надевам дека би можела да бидеш среќна
бидејќи тоа ќе ме направи среќен
“ додаде таа во објавата.

Веднаш потоа
увидов на фактот дека и да поседувам се
во животот, немам ништо без
него, се надевам дека овој лош момент низ кој поминавме ќе не направи посилни
како двојка и семејство
“ напиша Ванда која заврши со зборовите „Те сакам, Мауро“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×