Лотито влегол во конфронтација со фудбалерите на Лацио по поразот кај Верона

by
1 минути читање

Претседателот на
Лацио, Клаудио Лотито влегол во конфронтација со фудбалерите на таа екипа за
време на денешниот тренинг, известуваат во Италија, а сево ова доаѓа по
убедливиот пораз кај Верона изминатиот викенд.

Фудбалерите на
Лацио имале карантин за денеска помеѓу двете тренинг сесии, со тоа што не им
било дозволено да одат дома помеѓу истите, а сето тоа за подобра подготовка за
мечот против Фиорентина.

„ЛациоЊуз“
извести дека Лотито бил присутен на денешниот тренинг, а имал и појадок заедно
со истиот по утринскиот тренинг, а присутен бил и спортскиот директор Игли
Таре, како и тренерот Маурицио Сари.

Истиот медиум
известува дека за време на говорот на Лотито, тој имал конфронтација со
фудбалерите на кои им се обратил, а од нив побарал подобри перформанси во
натпреварите кои претстојат.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани