Поранешниот
легендарен фудбалер на Манчестер јунајтед, Полс Сколс јавно запраша дали Полг
Погба би играл повторно во дресот на „Црвените ѓаволи“ по тоа што го стори на
дербито со Ливерпул каде клубот од „Олд Трафорд“ на свој терен загуби убедливо
со 0-5.
Погба дербито го
стартуваше на клупата за резерви, а во игра влезе на самиот старт од второто
полувреме, една негова грешка го чинеше неговиот тим гол на Салах за 0-5 во пет
минути игра на теренот, за во 60 минута да добие директен црвен картон.
„Пол Погба
влегува во игра по првото полувреме за да му помогне на тимот, а можеби добива
и одредена одговорност со тоа, се обидува да има поголем посед на топката, се
обидува да покаже колку е моќен во средината од теренот, а потоа ја подарува
топката на противникот за тој да постигне гол“ рече Сколс.
„Потоа добива
црвен картон по еден неконтролиран старт, резултатот е веќе 0-5 за противникот,
а дополнителен проблем е тоа што Манчестер јунајтед е со играч помалку на
теренот, сево ова ми дава одредена дилема: Доколку Солшер и натаму е тренер на таа екипа,
дали Погба повторно ќе го облече дресот на Манчестер јунајтед?“ додаде тој.
„Сите добро
знаеме за каков талентиран фудбалер се работи, сите му веруваат, сите тренери,
но по сите случувања, особено околу неговиот договор, да сториш такво нешто
како на дербито… Тоа не е вина на Солшер, не би сакал да бидам погрешно
разбран, но сигурен сум дека ништо нема да недостасува во Манчестер јунајтед
доколку Погба си замине, сето тоа што го прави е всушност непочитување кон
тренерот, кон тимот, но и соиграчите“ заклучи Сколс.