138
Интер во најголем дел од мечот водеше против Јувентус кој со гол на Дибала од пенал во 89. минута дојде до реми, 1-1.
„Интер беше подообар од Јувентус, не се сеќавам бјанконерите дека имаа некој шут на голот“, вели Бергоми.
„Со Лукаку, овој меч ќе завршеше 3-0. Уверен сум во тоа. Единствениот кој беше навистина ангажиран беше Барела, и за жал имаше грчеви на крајот од мечот“.
„Напаѓачите сега функционираат на различен начин, недостасува играч кој дава длабочина. Но и покрај тоа видов Интер кој го имаше мечот во тотална контрола“.
„Доколку не се случеше пеналот, не видов ниту една опасност кон голот на Интер, дури и кога го намалија темпото“.