173
Томасо Побега е играч на Милан кој оваа сезона настапува на позајмица во Торино. Тој брзо се промовираше во еден од клучните играчи на тимот.
Торино сака да го задржи Побега, а за таа цел би можеле да го искористат Белоти.
Договорот на Белоти со Торино истекува по крајот на оваа сезона и тој нема намера да го продолжи.
Единствена шанса за Торино да заработи од неговото заминување е негов трансфер во јануари.
Милан утре го пречекува Торино во меч од Серија А и двете страни имаат шанса да ги почнат преговорите за оваа размена. Веројатно Торино ќе треба и да доплати бидејќи Побега има договор со Милан до 2025 година.