177
Како се поочигледен проблем на Јувентус се јавува нападот. Тимот на Алегри пред дуелот со Интер влезе по серија победи, но последните од нив се само со еден гол.
Четирите последни победи на Јуве се со 1-0. Одбраната функционира фантастично, но нападот постигнува само по еден гол. Дибала знае дека ова мора да се промени, бидејќи настанува проблем доколку и противникот даде гол, што беше случај синоќа.
„Дефинитивно мора да се подобриме во нападот бидејќи ако се обидуваме да победуваме само со еден гол, тогаш ќе се мачиме кога противникот ќе ни даде гол“, вели Дибала.
