561
Реал Сосиедад е хит во досегашниот дел од првенството во Шпанија, беше на прагот на изненадување против Атлетико Мадрид, но тимот на Симеоне се спаси.
Гостите поведоа уште во седмата минута со гол на Сорлот, а Исак со погодок од слободен удар во 48. минута зголеми на 2-0.
Суарез во 61. минута по асистенција од Жоао Феликс намали на 2-1, а во 77. од пенал израмни на 2-2 што беше и конечен резултат.
Реал Сосиедад е прв на табелата со бод пред Реал Мадрид и Севиља кои имаат одиграно меч помалку, Атлетико Мадрид е четврто место, исто така со натпревар помалку.