Жозе Мурињо по дебаклот во Конференциската лига уште повеќе потенцираше дека нема широк состав на квалитетни фудбалери, па веднаш по денешниот меч во свој стил соопшти кој ќе му биде составот за наредниот дуел.
„И на следниот меч составот ќе биде истиот како и денес“, вел Мурињо.
Следниот меч на Рома е во среда на гости кај Каљари во Серија А.
За поразот од Бодо/Глимт, Мурињо ги казни Мараш Кумбула, Амаду Диавара, Рикардо Калафиори, Гонзало Виљар Борха Мајорал со тоа што на денешниот меч против Наполи не беа ниту на клупата за резерви, дуелот го следеа од трибините.
„Тоа се пораки за соблекувалната, натпреварот ќе остане во мојата историја, па тешко ми е да простам“.
Мурињо е задоволен од мечот со Наполи.
„Тоа беше одличен натпревар од моја перспектива, можеби вие нема да се сложите. Но мислам дека беше меч на високо ниво“.
„Никогаш не е лесно да играте против Наполи, но се обидовме да победиме. Беше нерешено 0-0, но беше одлично шоу, дури и јас се уморив на клупата“.
„Видов одлична концентрација, немаше страв, само почит за противникот. Мислам дека бековите напредуваат, Верету и Кристанте одлично комуницираа во средината. Важно беше што Заниоло и Мхитарјан си помаа за време на мечот“.