Лошите игри на Манчестер јунајтед во Премиерлигата кулиминираа денес кога тимот на Солшер беше понижен од Ливерпул на Олд Трафорд со 5-0.
Фановите бараат тренерска смена, но Солшер верува дека се блиску до успех.
„Минатата сезона загубивме со 6-1 од Тотнем, но ова е полошо, многу полошо. Уште полошо е за мене бидејќи сум човек Манчестер јунајтед. Можам само да кажам дека мора што е можно побрзо да го заборавиме ова“, вели Солшер.
„Дојдов премногу далеку, дојдовме премногу далеку како група. Премногу сме блиску до успех за да се предадеме сега“.
„Знаеме дека го допревме дното, не можеме да се чувствуваме полошо од ова. Но ајде да видиме како ќе се движиме понатаму“.
„Не можам да кажам ништо друго, ова е најцрн ден откако го водам тимот. Не бевме доволно добри ниту индивидуално, ниту како тим. Не смеевме да му дозволиме такви шанси на Ливерпул, но му дозволивме“.
„Целиот перформанс не беше доволно добар. Креиравме шанси, тие нивните шанси ги искористија, третиот гол беше одлучувачки“.