90
Дури осум гола беа постигнати на мечот на кој Барди направи камбек по повредата.
Барди го одигра цело второ полувреме, во тој период Севиља имаше водство од 3-1.
Нашиот фудбалер од слободен удар ја погоди стативата, а имаше и уште неколку добри потези со кои покажа дека повредата е минато.
Головите за Севиља ги постигнаа пет различни стрелци, Торес, Мир, Диего Карлос, Ел Хадиди и Регес, за Леванте Моралес постигна два гола, еднаш погоди Мелеро.