Ѕвездата на Баерн објасни зошто не сака да се вакцинира против ковид-19

by
1 минути читање

Тренерот на Баерн
Минхен, Јулијан Нагелсман го прескокна дуелот против Бенфика во Лигата на шампионите,
тој имал симптоми на грип а тестовите подоцна покажаа дека е позитивен на ковид-19
и покрај тоа што има две дози вакцина.

Медиумите од
Германија потоа направија анализа и објавија дека неколку фудбалери на Баерн
Минхен не се вакцинирани, еден од нив е Џошуа Кимих. Фудбалерот од средниот ред
синоќа се појави пред медиумите за да ја објасни својата одлука.

„Загрижен сум
поради тоа што нема доволно долгорочни студии“
– рече Кимих во разговор со Скај.
„Секако дека сум свесен за одговорностите кои ги имам. Ги следам сите протоколи
и се тестирам на два-три дена. Секој треба да си донесе одлука за себе“.

„Видете, ниту
негирам дека постои ковид-19, ниту пак сум антиваксер. Жал ми е што во оваа
дебата има само вакцинирани и невакцинирани, а на невакцинираните веднаш им се
препишува етикета антиваксери или неверувачи во ковид-19. Има и луѓе кои
едноставно се загрижени, тие си ги знаат причините, и мислам дека треба да се
почитува нивниот став доколку се придржуваат до протоколите“.

„Исто така, не
велам дека никогаш нема да се вакцинирам. Големи се шансите дека ќе се
вакцинирам во иднина“.

На оваа тема проговори
и Томас Милер кој рече: „Како пријател, ова е перфектно прифатлива одлука.
Секој треба да си одлучи сам за себе. Но како соиграч, доколку во превид земам
што е најдобро за сите, мисалам дека е подобро да се вакцинира“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани