Михајловиќ: Бевме подобри од Милан, чувството е како да сме победиле

by
1 минути читање

Милан водеше со 2-0, а Болоња со играч помалку успеа да дојде до 2-2. Потоа следуваше уште едно исклучување за домаќините кои повеќе од половина час играа со 9 фудбалери. Росонерите со голови на Бенасер и Ибрахимовиќ во финишот дојдоа до победа од 4-2.

„Не сум лут. Разочаран сум со начинот на кој заврши мечот, но не би сакал веќе да зборувам за судиите. Мојот тим имаше сила да дојде до израмнување, имавме две шаси откако останавме со девет играчи и можевме да победиме, без тој момент на магија на Бенасер, можеби и ќе победевме“, вели Михајловиќ.

„Бевме подобри од Милан. Момците можат да бидат горди на тоа што го направија. Не освоивме бодови денеска, но според тоа што се се случуваше, чувството е како да сме победиле. Видов одличен фудбал, дух, желба, се што го прави тимот силен“.

„Се што жалам е тој шутот на Бенасер, бидејќи дојде од никаде. Ако не беше тоа, не знам како ќе завршеше“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани