Мурињо: Не сум го*нар, знам колку вложуваат сопствениците на Рома

by
1 минути читање

По дебаклот од Бодо/Глимт, Мурињо се пожали на лошо избалансираниот тим кој го има и кој според него не е доволно широк во поглед на квалитет.

На денешната прес конференција Португалецот се потруди да биде појасен. Тој вината не ја бара во овие сопственици, напротив, за нив има само почит, вели дека нередот е направен од претходните.

„Многу луѓе се смеат на тоа што го направија претходните сопственици на Рома. Фридкинс и Тиаго Пинто потрошија многу пари за да го исчистат нередот од нивните претходници и да се обидат да креираат услови за проект за кој е потребно врме“, вели Мурињо.

„Кога некој ќе рече Мурио не е среќен, тоа е голема лага. Мурињо сака повеќе фудбалери? Се разбира, како и секој друг, сака фудбалери за да може да ротира во составот“.

„Мурињо сака сите фудбалери да бидат на исто ниво? Да, но Мурињо не е го*нар и има почит за тоа што го прават Фридкинс и Тиаго Пинто. Мурињо ја прифаќа ситуацијата и ја разбира“.

„Резултлат ако тој против Бодо/Глимт се случува еднаш во животот, но јас сум единствениор одговорен за тоа. Не се фудбалерите, не е Тиаго. Јас одлучив да играм со тим со кој знаев дека ризикувам да го загубиме натпреварот. Не мислев дека можеме да доживееме таква катастрофа, одговорноста е моја“.

„Го направив тоа од страв дека можеме да се здобиеме со повреди на ладно време и вештача трева, немам по двајца фудбалери на секоја позиција. Одговорноста е моја. Жалам за поразот“.

Што се однесува до утрешниот меч против Наполи, Мурињо рече дека ќе настапи со истиот состав со кој играше против Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани