516
Во 2017 Бонучи потпиша за Милан, но тоа се покажа како неуспешна авантура, па се врати во Јувентус.
Неговиот партнер од одбраната на Јувентус и италијанската репрезентација, Џорџо Кјелини зборува за излетот на Бонучи.
„Бев разочаран. Му напишав приватна порака. Морав да го прифатам неговиот избор, но знаев дека тоа беше грешка“, вели Кјелини.
„Со сета почит, да биде искрени, Милан тогаш не беше Реал Мадрид, не беше како Милан денес. Ако денес отидеше таму ќе беше поинаку. Во тој период тоа изгледаше како чекор назад во тежок момент за него“.
„Доколку бевме заедно на одмор еден месец претходно, можеби немаше да замине. Ќе го натерав да разбере дека тоа е грешка“.