Роналдо беше критикуван дека не обрнува внимание на дефанзивната игра, статистиката вели дека Португалецот не учествува многу во пресингот, но тој смета дека тоа не е точно.
„Знам кога на тимот му е потребна мојата дефанзивност. Но мојата улога во клубот е да помогнам да победуваме и да постигнувам голови, дефанзивата е дел од мојата работа“, вели Роналдо.
„Луѓето кои не сакаат да го видат тоа, тоа го прават затоа што не ме сакаат, но да бидам искрен, имам 36 години, сум освоил се, па би бил загрижен за луѓето кои зборуваат лоши работи за мене? Спијам добро навечер. Одам во кревет со чиста совест. Продолжете со кртиките, а јас ќе ви ги затворам устите со освојување на нови титули“.
„Критиките се дел од бизнисот, не сум загрижен за тоа. И да бидам искрен, ги гледам како добра работа. Ако се загржени за мене или ако зборуваат за мене, тоа значи дека го знаат мојот потенцијал и вредност кои се уште ги имам. Па добро е. Ќе ви дадам еден пример: доколку сте во училиште и сте најдобар студент, прашајте го најлошиот студент дали го сака најдобриот и тој ќе ви рече дека не го сака“.
„Мислам дека главната работа е што се уште сум среќен и уживам во фудбалот. Не е важно колку работи сум освоил во кариерата. Сум освоил се, но се уште сум мотивиран. Сега сум во ново поглавје од мојот живот, дури и на мои години, тука сум за да се обидам да освојам големи работи со Манчестер јунајтед, тука сум да помогнам“.