95
Арсенал одигра доминантен натпревар против Астон Вила, тимот на Артета особено изгледаше моќно во првото полувреме.
Резултатот беше отворен во 23. минута кога Томас Парти го постигна својот деби гол за Арсенал и донесе водство од 1-0.
Пред самиот крај на првото полувреме беше досуден пенал за Арсенал по фаул врз Лаказет. Мартинез прво му одбрни на Обамејанг, но топката стигна до напаѓачот кој не погреши од втора за водство од 2-0.
Астон Вила тргна поофанзивно во второто полувреме, па Арсенал преку една контра постигна гол преку Смит Роу за 3-0.
На десетина минути пред крајот Џејкоб Ремзи постигна прекрасен гол за Астон Вила, погоди во аголот за конечни 3-1.