Поранешниот фудбалер на Монако, Манчестер јунајтед и Јувентус наскоро ќе објави автобиографија, а во неа раскажува дека како дете бил сексуално злоставуван од наставник во училиште.
Во интервју за Тајмс, тој објасни зошто дури сега отворено говори на оваа тема.
„Кога почнав да ја пишувам кникага, не ја кажав целата приказна бидејќи се уште ми беше страм и се плашев што ќе помислат луѓето“ – вели Патис Евра.
„Сега сакам да кажам бидејќи не сакам деца да се чувствуваат како што се чувствував јас, да се срамат од самите себе, да мислат дека не се доволно храбри. Не се работи само за храброст, треба да сте ментално подготвени да разговарате“.
„Едноставно сакам децата да бидат храбри, да не се обвинуваат самите себе бидејќи јас го правев тоа, се обвинував самиот себе. Не се плашам да кажам дека се чувствував како кукавица бидејќи никогаш не проговорив. Ова ме мечаше долго време, но не го направив ова за себе, го направив за другите деца“.
За лошата епизода која ја преживеал на 13 години, Патрис Евра и раскажал на својата мајка дури пред две недели.
„Дури сега, кога имам 40 години и кажав. Беше шокирана. Имаше многу гнев. Ми кажа дека и е жал. Ми рече, „Не смееш да го откриеш ова во книгата, ова е приватна работа“. Но и кажав, „Мамо, ова не е за мене, ова е за другите деца“. Разбра што сакав да направам“.