64
Њукасл во моментов е во преговори за тренерското место, се верува дека на клупата ќе седне Пауло Фонсека.
Но паралелно клубот ги разгледува можностите за јануарски засилувања кои му се неопходни на тимот во борбата за опстанок.
Информациите велат дека Њукасл ќе ја активира откупната клаузула на Луис Диаз од Порто која изнесува 80 милиони евра и ќе го донесе во јануари.
Тој е офанзивен фудбалер кој обично игра по крилните позиции. Оваа сезона досега има дадено седум гола на 11 меча за Порто.