Минатата недела,
Ванда Нара го обвини Мауро Икарди за неверство, замина во Милано и почнаа
лавина шпекулации. Во прв момент се говореше дека атрактивната блондинка нема
да му прости на фудбалот и ќе бара развод, но двајцата по неколку дена се
вратија во Париз.
Беа споделени
неколку пораки на социјалните мрежи од кои се добива впечаток дека се смириле,
но последните информации велат дека се уште не се испеглани сите недоразбирања.
Новинарката Јанина
Латоре открива дека Мауро Икарди поставил неколку услови за да продолжат со
нормален живит и тој да се врати на обврските во ПСЖ.
Напаѓачот побарал
тој и Ванда Нара да ги затворат сите профили на социјалните мрежи, и како
последен пост да објават заедничка фотографија од семејството која треба да
стави крај на сите шпекулации.
Ванда Нара ќе
треба да ги откаже сите други ангажмани, односно да се фокусира само на работата
како агент.
Таа исто така во
иднина нема да смее да патува само во приватен авион, и нема да смее да се
враќа сама во Милано.
Многумина сметаат
дека овие барања на Мауро Икарди се смешни, па останува да се види дали Ванда
Нара е подготвена да направи вакви компромиси.