239
Судијата прво му покажа жолт картон на Марковиќ, а потоа му даде црвен на Станојевиќ. Тоа значи дека Партизан без својот тренер ќе оди на реваншот во Гент. Тој меч се игра на 4 ноември.
Вчерашниот пораз за Партизан беше прв на домашен терен од декември 2019, после серија од 39 натпревари без загубен меч на свое тло.
Поразот од 1-0 од Гент беше и прв во Конференциската лига за Партизан.