Рома има губено со 7-1 двапати во Европа, но тоа беа порази од Баерн Минхен и Манчестер јунајтед.
Денеска изгуби со 6-1 од Бодо/Глимт во Конференциска лига. Мурињо за првпат прими шест гола на еден меч.
Фудбалерите на Рома по последниот судиски свиреж им се извинуваа на фановите кои допатуваа во Норвешка, отидоа пред нивната трибина и побара прошка. А капитенот Лоренцо Пелегрини тоа го направи и јавно.
„Нема многу што да кажам, можам само да се извинам и да се вратам посилен од било кога. Тоа што требаше да го кажаме, си го кажавме во соблекувалната и останува таму“, изјави Пелегрини по мечот.
„Понекогаш потребен ви е шамар, ние добивме шамар во лицето денеска, потполно заслужен. Треба да научиме од овој срам и тоа да не држи до крајот од сезоната“.
Пелегрини беше запрашан дали е загрижен од овој дебакл.
„Не, лут сум. Не сум загрижен, не сум разочаран, само сум лут. Од утре треба да работме уште понапорно, бидејќи пред нас се натпревари кои треба да ги победуваме“.