Фудбалерите на Рома им се извинија на навивачите за понижувањето во Норвешка

by
0 минути читање

Околу 400 навивачи на Рома беа присутни на натпреварот во Норвешка против Бодо/Глимт.

Фановите беа гневни и по последниот судиски свиреж протестираа и пееја навредливи песни кон своите фудбалери.

Играчите предводени од капитенот Пелегрини отидоа кон трибината кај што беа нивните фанови и им се извинуваа за поразот.

Технички ова не беше највисок пораз за Рома во Европа, имаат загубено и со 7-1, но можеби е најболен затоа што доаѓа од речиси анонимен противник.

Ова беше и првпат Жозе Мурињо да прими шест гола на еден натпревар.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани