Кјелини: Роналдо требаше да замине порано од Јувентус

by
1 минути читање

Цело лето се
пишуваше дека Кристијано Роналдо ќе замине од Јувентус, раководството на клубот
инсистираше дека ЦР7 ќе остане, но во последните денови од преодниот рок,
Португалецот ги спакува куферите и се пресели во Манчестер.

Џорџо Кјелини
смета дека ваквиот развој на настаните придонел Јувентус да има лош старт на
сезоната, со само два бода од првите четири кола.

„Роналдо не
напушти на 28. август, ќе беше подобро доколку си заминеше порано. Плативме за
ова, малку бевме шокирани од развојот на настаните и изгубивме бодови. Доколку
си заминеше порано, ќе имавме време соодветно да се подготвиме за стартот на
првенството“
– вели дефанзивецот.

„Го разбирам
неговиот избор да замине, јасно ми е дека дојде крај на неговата авантура во
Јувентус и дека му беше потребен нов стимул. Не сум изненаден од игрите кои ги
прикажува во Манчестер јунајтед, тоа го прави во текот на целата кариера, го
правеше и во трите години поминати во Јувентус.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани