70
Фудбалерот на
италијанскиот првак Интер, Артуро Видал се изнасмеа на коментарите на стоперот
на Јувентус, Леонардо Бонучи за тоа дека „Нероаѕурите“ ланската сезона го
освоиле Скудетото најмногу поради грешките на клубот од Торино.
„Хахаха…“ се
насмеа Видал во изјавата за „Медијасет“.
„Тие одново ќе ја
имаат својата шанса, ќе видиме оваа година на теренот кој ќе биде најдобриот“
додаде Чилеанецот.
Во недела во
вечерниот термин со почеток од 20,45 часот Интер на домашен терен го пречекува
Јувентус во дербито на деветото коло од Серија А. Во моментов лидер на табелата
во Италија е Наполи со 24 бода, следат Милан со 22, односно Интер со 17, а
Јувентус е на седмото место со 14 бода.