Ливерпул дојде до
мошне значајна победа од 2-3 на гостувањето кај Атлетико Мадрид во Лигата на
шампионите, но по крајот на мечот предводникот на домаќините, Диего Симеоне го
избегна ракувањето со својот ривал од спротивниот табор Јирген Клоп.
Клоп: Не ми се допадна тоа што Симеоне избега и не се поздрави (ВИДЕО)
Германскиот
фудбалски стратег по мечот беше видно вознемирен поради тоа што новинарот му
посочи дека бил многу лут по крајот на мечот, поради случајот со Симеоне, за
што Клоп се револтираше од причина што немало никаква лутина кај него.
„Зошто јас бев
лут? Ве молам, не сум идиот, не бев воопшто налутен, погледнете ја таа
ситуација, но вие сакате да направите приказна од сето тоа“ рече предводникот
на Ливерпул.
„Јас сакав да се
ракувам со него, а тој не сакаше, во тие моменти јас го разбирам сето тоа, тој
брзаше за да влезе внатре, тој е емотивен, тоа беше емотивен момент, а вие
воопшто не сте добра особа со тоа што сакате да направите приказна од ова“
додаде германскиот фудбалски стратег и револтирано си замина.