Фернандеш поради контроверзна одлука на Манчестер јунајтед бил подготвен да си замине

by
1 минути читање

Бруно Фернандеш
се заканил дека ќе побара трансфер откако слушнал дека Манчестер јунајтед бил
еден од 12 клубови кои се „потпишале“ за новото натпреварување Европска Супер
Лига, известува „Атлетик“.

Португалецот е од
големо значење во играта на „Црвените ѓаволи“ по трансферот од Спортинг Лисабон
во ланскиот јануари, меѓутоа контроверзната одлука на клубот од „Олд Трафорд“
да се приклучи на спорното натпреварување придонело за голем револт кај
фудбалерот.

„Атлетик“
наведува дека Фернандеш воопшто не се двоумел да се приклучи на Лук Шо во
противењето на таквата одлука на клубот, а за раководството на клубот добро да
го чуе неговиот глас, се одлучил и да упати сериозна закана до истото дека ќе
си замине доколку продолжат плановите со Суперлигата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани