Њукасл побара од фановите да не се облекуваат како шеици

by
1 минути читање

Стотици навивачи на Њукасл со марами на главите како арапи се појавија на мечот со Тотнем, некои така беа облечени и кога го прославуваа преземањето на клубот од страна на Саудијците.

Њукасл преку соопштение ги замоли да не го прават тоа бидејќи можеби некои од арапскиот свет ќе го сфати како раситичка или културолошка навреда.

„Бројни навивачи неодамна на Сент Џејмс Парк се појавија со прекривка на главите и специфична облека со цел да го одбележат преземањето на клубот од ПФ, ПЦП Капитал Партнерс и РБ Спортс  Медиа“. 

„Ниту еден од сопствениците на ниту еден начин не беше навреден од фановите ои одбраа да прослават на овој начин. Тоа беше сметано за позитивен гест за добредојде“.

„Како и да е, останува можноста таквото облекување да е културолошки несоодветно и ризикува да навреди некои“.

„Сите гледачи кои доаѓаат како и секогаш, се охрабруваат да се облекуваат како што  нормално за нивната култура или религија, продолжувајќи да ги одразуваат широките и богатите мултикултурни заедници и групи од дои клубот гордди црпи поддршка“, стои во соопштението на клубот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани