Пиоли за време на мечот му велеше на судијата дека голот на Порто е фаул, но одби тоа јавно да го каже

by
1 минути читање

Порто беше подобар од Милан и можеше и поубедливо да победи, но доволен му беше и еден гол за трите бода. При тој погодок можеби имаше фаул врз Бенасер кој падна по контактот со Тареми, но судиите сметаа дека голот е регуларен.

По мечот Стефано Пиоли отиде кај судијата и неколку пати му рече дека било фаул, но кога беше запрашан на прес конференцијата за инцидентот, не беше така директен.

„Јасно е дека инциденти можат да го одлучар резултатот, но нашиот перформанс не беше добар. Нашиот противник беше поостар, попрецизен, играше со поголем интензитет“, вели Пиоли.

„Не почнавме добро, не ја држевме топката доволно, не креиравме шанси. Порто беше подобар и победи“.

Милан има три порази од првите три меча, но ситуацијата на табелата е таква да Пиоли се уште се надева на второ место.

„Мора да веруваме. Два тима кои се пред нас имаат по четири бода. Овој меч беше лош, но мора да продолжиме“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани