Тухел: Лукаку е психички уморен

by
1 минути читање

Ако се суди
според зборовите на шефот на стручниот штаб на Челси, Томас Тухел,
претпоставките се дека напаѓачот Ромелу Лукаку би можел да биде одморен за
утревечерната пресметка со Малме на домашен терен.

На „Сините“ од
Лондон им е потребна победа, а останува отворено прашањето дали мечот од првата
минута ќе го стартува и Лукаку.

Мислам дека
Лукаку во последните неколку месеци одигра голем број натпревари, од една
страна за клубот, од друга за репрезентацијата, свесен сум дека секој натпревар
го гледа сериозно, а токму поради тоа се случи замор кај него
“ рече Тухел.

Сметам дека
Лукаку повеќе е уморен психички отколку физички, тој е фудбалер кој многу
размислува, особено за натпревари каде тој не си ја одработил совршено својата
работа од негова страна
“ додаде предводникот на Челси.

Со сето тоа што
го прави, Ромелу си става на тежина на себе, а тоа психички му нанесува замор,
но, не се грижам за тоа верувам дека тој брзо ќе се врати на својот
препознатлив ритам
“ заклучи Тухел. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани