Добра најава за новото коло во Лигата на шампиони, 11 погодоци на два меча и победи за гостите (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вечерва стартуваше
3. коло во Лигата на шампионите, љубителите на фудбалот видоа 11 погодоци на
два меча.

Клуб Бриж дома
одигра 1-1 со ПСЖ на стартот, но вечерва убедливо загуби во пресметката со
Манчестер Сити, гостите стигнаа до триумф од 1-5.

Резултатот беше
отворен по половина час игра, Фоден испрати одлична топка за Кансело, кој го
матираше Мињоле за 0-1. Пред крајот на првиот дел, Марез од пенал донесе 0-2 и
најави славје на „граѓаните“.

На стартот од
второто полувреме, Вокер реализираше за 0-3, а во 67. минута, нововлезениот Палмер
прецизно биеше од врвот на шеснаесетникот за 0-4. Ванакен во 81. минута
постигна почесен гол за домаќините, а конечните 1-5 беа дело на Марез во 84. минута.

На вториот
натпревар од 18:45 часот, Спортинг си замина од Истанбул со три бода и победа
од 1-4 над Бешикташ.

Коатес го отвори
резултатот по 15 минути игра, Ларкин изендачи на 1-1, но Спортинг веднаш се
врати во предност со вториот гол на Коатес во 27. минута. Пред крајот на првиот
дел, Сарабија реализираше за 1-3. Во последните мигови од мечот, Паулињо ја
потврди победата и погоди за 1-4.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани