Мендеш попушти, Фати става потпис на нов договор со Барса со клаузула од милјарда евра!

by
1 минути читање

Ансу Фати ќе ги
следи стапките на Педри и ќе стави потпис на нов долгогодишен договор во кој ќе
има откупна клаузула од една милјарда евра.

Претходните
денови се говореше дека Жорж Мендеш не се сложувал откупната клаузула да биде поставена
на толку висока сума, но како што пренесува весникот Спорт и новинарот Фабрицио
Романо, агентот попуштил, сите разлики се надминати и напаѓачот наскоро ќе ја
продолжи верноста.

Барселона сака
официјалното соопштение да пристигне пред дуелот со Реал Мадрид
, големото „ел класико“ се игра во недела на
Камп Ноу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани