Агуеро во минатото коло од Ла Лига, го имаше својот прв настап за Барселона откако влезе во самиот финиш на мечот со Валенсија.
По 10 години поминати на Етихад, изминатото лето Агуеро го напушти Манчестер Сити и се пресели во Барселона каде што се надеваше дека ќе игра заедно со неговиот пријател Меси.
Но тоа не се случи, од познати причини Меси замина во ПСЖ, на Агуеро му беше понудена десетката, но тој одлучи да не ја прифати и го носи бројот 19.
„Тоа е бројот (19) кој го носев на СП до 20 години во Холандија и исто во националниот тим“, вели Агуеро.
„Лео ја имаше десетката и кога Пике и другите луѓе во клубот ми кажаа за бројот 10, ја веќе ја имав побарано 19та“.
„Исто така таа убаво му стои на Ансу“.
„Тој ја прифати со возбуденост, млалд е и има голем талент“.