Одбројувањето започна, Лукас Ернандез до 28. октомври треба да влезе во затвор и да одлежи казна од шест месеци.
Најскапото засилување во историјата на Баерн Минхен, денеска се појави пред суд во Мадрид и со тоа започна процесот за негово доброволно пријавување.
Медиумите од Шпанија пренесуваат дека адвокатите на Лукас Ернандез веќе имаат поднесено жалба до повисок суд, но дури и таа да биде прифатена, мали се шансите целиот случај да се разгледа во следните 10 дена.
Лукас Ернандез треба да заврши зад решетки поради бизарна причина. Французинот физички ја нападна својата девојка на улица во Мадрид во 2017 и доби забрана за приближување. Двајцата сепак неколку месеци подоцна се смирија, заедно заминаа на одмор и на церемонија во Лас Вегас се венчаа. На враќање во Мадрид, полицијата на аеродромот го приведе фудбалерот бидејќи не ја почитувал забраната за приближување.
Доколку двајцата пристигнале со различен лет, немало да има никакви проблеми.