По двата порази
во низа пред паузата за репрезентативни настапи, Барселона вечерва им се врати
на победите. На Камп Ноу, избраниците на Куман триумфираа во дуелот со
Валенсија со 3-1.
Гостите добро го започнаа
мечот и поведоа по пет минути игра, Гаја биеше прецизно од врвот на
шеснаесетникот за 0-1.
Одговорот стигна
во 13. минута, Ансу Фати врати со иста мера и прекрасно пласираше од работ на
шеснаесетникот за 1-1.
Во финишот на
првиот дел, по една убава акција, Ансу Фати беше соборен во шеснаесетникот а
Депај од белата точка донесе 2-1.
Валенсија се
обиде да се врати во продолжението од мечот, но откако гостите не успеаја
посериозно да се заканат, на пет минути пред крајот, Кутињо реализираше за 3-1
и прв гол по речиси една година.