107
Со пораз почна новата ера на Њукасл, новите газди видоа дека ќе бидат потребни брзи промени за тимот да избори опстанок во Премиерлигата.
А Њукасл имаше брилијантно отворање на мечот, уште во втората минута Вилсон погоди со глава за водство од 1-0.
Но до крајот на првото полувреме Тотнем не само што го сврте мечот туку даде три гола, Ндомбеле, Кејн и Сон погодија.
Њукасл играше уште полошо во второто полувреме, а во финишот успеа да го ублажи поразот со автогол на Дајер.
Ова можеби беше и последниот натпревар на Стив Брус како тренер на Њукасл. По осум кола тие немаат победа, имаат само три бода и се на претпоследното место на табелата.