64
„Франс Фудбал“
веќе ја објави листата на кандидати за најдобар фудбалер на светот, односно
наградата „Златна топка“, а помеѓу кандидатите е Лионел Меси од ПСЖ, за кого
поранешниот француски фудбалер Патрис Евра смета дека не заслужува да ја добие
престижната награда.
„Златната топка
треба да му припадне на Канте или Жоржињо, навистина веќе ми е мачна темата
околу Меси, што освои тој минатата година?“ запраша Евра.
„Добро, Копа
Америка ќе ја сметаме, но, што стори со Барселона?“ додаде Французинот.
Во меѓувреме, „Л’Екип“ објави петмина во својот завршен
избор кои според нив би требало да влезат во финалната фаза од изборот, а тоа
се Жоржињо, Бензема, Роналдо, Меси и Левандовски.