67
Актуелниот
предводник на Лестер, Брендон Роџерс наводно ставил дознаење дека нема никакви
интенции за преземање на кормилото на Њукасл кој во Конзорциумот од Саудиска
Арабија по автоматизам доби и богата каса.
Се шпекулира дека
прашање е само на време кога Стив Брус ќе добие отказ на клупата на Њукасл, а
освен Роџерс, се споменаа уште и Френк Лампард, но и Стивен Џерард, а се верува
дека Антонио Конте не е заинтересиран во ваква фаза да го предводи клубот од „Сент
Џејмс Парк“.
„Скај Спортс“
наведе дека Роџерс дефинитивно е вон игра за клупата на Њукасл, а тој е наводно
среќен во тимот на Лестер, верува дека претстојат уште многу достигнувања со „Лисиците“
во периодот кој претстои.