18 годишниот Џамал Мусиала против Македонија испиша нова историја, со погодокот во Скопје, стана вториот најмлад стрелец во историјата на Германија и најмлад стрелец на компетитивен натпревар. Се работи за голем талент кој ги помина сите млади категории на Англија, но на крајот реши на сениорско ниво да настапува за „панцерите“.
„На крајот од денот, го одбрав она што мислев дека е најдобро за мене и каде ќе се чувствувам најкомфорно, ја одбрав Германија“ – вели Џамал Мусиала.
Џамал Мусиала порасна како играч во Челси, но на фудбалската сцена се промовираше во дресот на Баерн Минхен.
„Баерн ми понуди добар план, како ќе напредувам со акцент на тоа дека нема да се избрзува со ништо. Ми се допадна планот што ми го понудија, па се преселев во Минхен“.
„На почетокот бев многу нервозен, не е нормално секој ден да сте покрај Роберт Левандовски и останатите ѕвезди“.
Запрашан како доаѓа на тренинг со оглед на годините, Џамал Мусиала со насмевка на лицето вели: „Мајка ми се уште ме носи на тренинг и потоа доаѓа да ме земе. Немам возачка дозвола, се надевам дека дека ќе ја добијам за неколку недели“.