Њукасл секој ден
е дел од трансфер шпекулациите откако клубот премина во раце на конзорциум
предводен од Саудиска Арабија. Популарните „чавки“ ќе имаат пари за трошење (се
шпекулира со сума помеѓу 200 и 250 милиони фунти), па голем број на имиња се
поврзуваат со Сент Џејмс Парк.
Преда да
пристигнат засилувања, ќе биде променет тренерот и според добро упатениот
новинар, Џанлука ди Марцио, прв кандидат за клупата е Брендан Роџерс. Њукасл е
подготвен да ја активира откупната клаузула во договорот на стратегот вредна 14
милиони фунти (околу 16 милиони евра).
Ако се земе во
предвид дека на Стив Брус треба да му се плати оштета од околу 8 милиони фунти
(10 милиони евра), новиот тренер ќе го чини Њукасл над 20 милиони, што е
прилично солидна сума.
Останува да се
види дали Брендан Роџерс ќе прифати авантура во Њукасл, новинарот Џон Перси
вели дека стратегот во моментов не е заинтересиран за работата и целосно е посветен на Лестер.