Проблеми за Баерн, Лукас Ернандез поради бизарна причина треба да лежи шест месеци во затвор!?

by
1 минути читање

Баерн Минхен може
да има сериозни проблеми во продолжението од сезоната и да остане без услугите
на Лукас Ернандез, најскапото засилување во историјата на клубот.

Како што пренесуваат
медиумите од Шпанија, Французинот на 19. октомври треба да се појави пред суд
во Мадрид за да одбере затвор во кој доброволно ќе се пријави (има рок од десет
дена) за да отслужи казна од шесет месеци.

Неговите адвокати
имаат поднесено жалба, но големи се шансите тој да заврши зад решетки, макар и
на неколку дена (доколку жалбата биде успешна).

Причината за
затворската казна е прилично бизарна. Имено, Лукас Ернандез на почетокот од
2017 физички ја нападна својата девојка на улица во Мадрид, па доби забрана за доближување,
како и општествено корисна работа.

Сепак, неколку месеци подоцна, двајцата се смирија и заминаа на
одмор во САД. При враќањето од одмор, полицијата на аеродромот во Мадрид го
приведе Лукас Ернандез бидејќи ја прекршил забраната за доближување.

Амалија де ла Оса
во меѓувреме му стана и сопруга на Лукас Ернандез, но за судот ова нема никакво
значење и на фудбалерот му е изречена затворска казна од шест месеци поради
прекршување на забраната за доближување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани