Мајк Мењан веќе
извесен период мака мачи со болки во зглобот на раката, а од Милан потврдија
дека Французинот ќе мора на операција, а истата ќе се реализира во текот на
утрешниот ден.
Французинот беше
подложен на „скенирање“ по што беше утврдено дека ќе мора на операција за да го
реши тоа прашање, па иако не е познато колку ќе отсуствува од терените, „Газета
дело Спорт“ предвидува 10-15 денови најмалку.
26 годишниот
Мењан дојде во Милан во летниот преоден рок откако за 13 милиони евра направи
трансфер од редовите на францускиот првак Лил, а на одличен начин го замени
Џанлуиџи Донарума кој се пресели во ПСЖ.
„Росонерите“
имаат две опции на располагање во својот тим за замена на Мењан, Чипријан
Татарушану, односно Алесандро Плизари, но вториот е повреден.