71
Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ станува приоритетна цел за Јувентус.
Од Фиорентина потврдија дека Влаховиќ не сака да го продолжи договорот и покрај тоа што му нудат да стане најплатен во историјата на клубот.
Со цел да не го загубат како слободен фудбалер, Фиорентина ќе мора да го продаде идното лето.
Има повеќе заинтересирани клубови за потписот на Влаховиќ, а прв на листата е Јувентус.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека Јувентус го сака Влаховиќ уште во јануари, и подготвен е да го жртвува Кулушевски.
Јувентус ќе го понуди Кулушевски на Фиорентина како дел од трансферот за Влаховиќ, а не се исклучува ни продажба во друг клуб.
Се верува дека почетната цена за Влаховиќ ќе биде 75 милиони евра.