Гарсија: Тоа беше чист офсајд, а судијата ми рече дека не сум требал да ја допрам топката

by
1 минути читање

Мбапе беше во офсајд кога Тео Ернандез му ја додаде топката, но погодокот беше поништен поради тоа што Ерик Гарсија ја допре топката пред таа да дојде до напаѓачот.

Правилата велат дека ако еден противнички играч намерно игра со топката, тогаш се смета дека започнала нова акција и токму поради тоа не е поништен голот на Мбапе.

Но, во сите во Шпанија сметаат дека е офсајд, реакцијата на Гарсија е последица на додавањето кон Мбапе, а тој беше во офсајд. Секој различно го толкува правилото, а Гарсија ја објасни конверзацијата со судијата.

„Додавањето на Тео одеше зад мојот грб и јас се фрлив и ја допрев топката со врвот на копачката. Мбапе беше во офсајд и нема што да се додаде повеќе“, вели Гарсија.

„Судијата ми рече дека намерно сум ја удрил топката и со тоа започнала нова акција. Ми рече дека не сум требал да реагирам, сум требал да ја пропуштам топката, такво било правилото. Но ова е класичен офсајд, немам дефанзивец што нема да реагира и ќе остави на случајноста“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани